Најпосле си ја отвори и адвокатската канцеларија крај куќата, веднаш близу езерото, во еден од дуќаните кои му припаѓаа на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имотот, освен дуќаните кои останаа затворени уште од времето кога се отселија мајсторите, благодарение на грижите и работливоста на имотските луѓе, сѐ уште некако се одржуваше, но семејството сосема се разнебитило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)