Татко во еден период се допишуваше со својата братучеда Лејла, но никогаш не ја виде, само се случи по многу, многу години нивните деца (Етем Устер и авторот на книгава) да се сретнат ненадејно во Париз и да го живеат сродството, да чувствуваат нешто силно заедничко, коешто можеби само судбината на егзилот може да го донесе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Само во егзил може да зборуваат тие што сонуваат од двете страни на границата – пекол.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко остана чувствителен и на судбината на Сефардите кои беа спасувани во Албанија, при крајот на монархијата и периодот на италијанската окупација, кога земјата имаше автономија на одлучување, издавајќи им визи за престој на еврејските граѓани кои бараа спас.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Историјата на мајкиниот егзил може да се сведе на нејзиното живеење на грчко албанската граница (во родниот Лесковик), во гратчето Јанина, каде што се школувала, потоа животот на албанско-македонската (југословенската граница) во Поградец, во сливот на изворите на Охридското Езеро, патувањето во 1939 година со Татко во Италија, и потоа патувањето од Струга во Тирана во 1943 година, како и последното патување во животот, во 1974 година во сталинистичка Албанија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)