Знаат петте распеани жени, а знам и јас дека еден поет баш крај езерото беше напишал дека е исто да се пее и да се умира.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Езерото беше мирно. Но кога прстенот засјаи во раката на пашата, тоа тивко зашуми.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По неколку дена отидов со Лима на кафе во Кафулето покрај езеро беше преполно со згодни млади тела свежо искапени и светнати со масло.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Бидејќи летото многу жешко и сушно, дел од водата на езерото беше се испуштала за наводнување на полето под долнечката брана.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Потоа, пролетта 1948 година, беше март и сите планини околу Преспанското Езеро беа под снег, нѐ собраа и нас, околу четиристотини и педесет деца на возраст од две до четиринаесет години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Теснецот меѓу двете езера беше премногу тесен за да ги собере сите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Езерото беше убаво, но што кога не можеше да го преплива!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Нашата куќа на албанскиот брег на езерото беше стара близу стотина години.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Крај првото езерце беше поставена голема трпеза.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Претходно преполната плажа беше напуштена како за време на полициски час.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Преку хоризонтот во тој миг пулсираа тивки топлотни секавици што можеби предизвикуваа пожари во плевни некаде во Индијана.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Езерото беше пурпурно, розова занес, бисерен аметист со квечерина, а потоа се потопи во ноќна црнина со чипка од свилена пена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)