Ако некој се посомнева во ова моја одредница, тогаш нека повели нека ги регистрира репертоарите на театрите, нека ги регистрира екипите кои го чинат сегашниот театарски израз, нека се потруди да слушне на кој јазик се обраќаат на домашната публика, со каков сценски конфликт сакаат да го заслужат нивното внимание, нека се потруди да забележи дека нашите театарџии се прават како да се паднати од Марс.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
По добрата голтка горко кафе и цигара, Рада конечно се вклучи во „бош“ муабетите на Душка и Роска, станувајќи дел од екипата која озборува без мерка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Донски продолжи: - Кога сме кај објавувањето на сиџилите, би сакал да ви кажам дека утврдивме екипа која ќе работи на нивното преведување, лекторирање и редактирање.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)