Андре Декостер , француски експерт по козарство Тивко и расположено се впуштив во читањето на романот Времето на козите на Луан Старова.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Експертите по хортикултура (заедно со селаните, кои го израмнуваат земјиштето и ја подготвуваат почвата) ја „промовираат“ новата голема градина на местото од некогашниот замок.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Две момчиња, внуците на Алберт, играат фудбал (светското првенство е во тек, Бекам и другите победуваат, Бразил сè уште не е на ред) на малиот тревник пред влезот на куќата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)