експлозив (имн.) - и (сврз.)

Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На 7 април 1944 година капетанот Патрик Еванс, член на британската воена мисија на територијата на Македонија под Грција добил писмо од членот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија Киро Георгиевски-Дејан во кое, од британската воена мисија се барало да обезбеди „оружје, муниција, облека, експлозив и златници“ бидејќи во „последната недела имал 100 регрути“ кои морал да ги врати поради тоа што не можел да им даде оружје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Потоа нескладниот вриеж на мислите го фрла во бездна, полна со експлозиви и паника.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)