Во него, решавањето на македонското прашање, македонската емиграција организирана во МАНС го гледала во „обединувањето на трите дела на Македонија во една слободна македонска држава, во заедница со демократските јужнословенски и себалкански нации...“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Првиот чекор кон создавањето слободна Македонија, се нагласува во Меморандумот, бил преземен на 29 ноември 1943 година на Второто заседание на АВНОЈ, одржано во Јајце, при што е усвоен федеративниот принцип којшто им признава "целосна еднаквост на народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)