„Жал ли ти е што не ја турна?“ „Да. Сѐ заедно, жал ми е.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговиот глас скоро се израмни со нивото на една тишина. „Жал ми е, стрико.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Премногу сум опседната со себе за да можам да се посветам на некој друг. Жал ми е, но не премногу.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Потем мајка ѝ се врати и рече: „Жал ми е, Лудвик, Луција спие“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жал ми е за детулето. Во неговиот кравет легна сув човек со празен поглед.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ова се 25.000 динари за вас. Жал ми е но ќе морате итно да ја напуштите куќава.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Жал ми е за баба Роса! А и за тета Деспина! Баба Роса останала без маж, како и ти, а тетка Деспина и другите без татко, како јас, нели мамо?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ни сум го хранел, ни сум го гледал, жал ми е.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гледаш ли каков си ти, Зоки? Не ти е жал за пријателите! - Жал ми е. Ние убаво си игравме со Мечето.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Жал ми е за неговата младост, но уште повеќе ми е жал ако ти си го потрошиш животот на духовни истражувања без желба за сопствен пород и искуството на мајчинството, што е една од најголемите радости на жената.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)