желба (имн.) - му (зам.)

И единствена желба му се зароди: да порасне и тој што побргу и да биде како нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Желба му е да се врати во Скопје, но нема стан. Овде работи и печали за стан.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ти си првиот кој ме внесе во алејата на љубовта, ти си првиот кој ми го дари првиот касај на сласта, беше главен актер и сведок на кого по сопствена желба му ја дарував својата чест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни самиот не можеше да поверува дека неговата најголема желба му се остварила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навистина и искрено и мило.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и веќе реков, ми беше мило што желбата му се остварува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога го испраќавме на аеродромот, сите бевме среќни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тие пијани деноноќија дојдоа и Ѓупците кои војната ги разбрка; дојдоа одненадеж весели и распеани како да испоскокаа од небото; ја запоседнаа одново широчинката крај езерото, ги запоседнаа местата кои, по некое непишано правило, им припаѓаа и ги сметаа за свои, ги опседнаа казаните, пиеја од ракијата со грсти како вода да пијат од извор, играа и пееја, ги прескокаа огновите што ги палеа, го опкршуваа селото и секакви чуда и ѓаволштини правеа: секому спрема желба му нудеа и му даваа деца: машко, женско, пеленаче, годиначе, тригодишно или кој какво сака; нудеа и девојки и жени за евтини пари; нудеа за привремено или за постојано.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сака циркус и дамнешна желба му е да стане циркуска ѕвезда, како оној Австралијанец што на рамења можел да изнесе коњ до триесет и втората скала.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Шампион е во дигање тегови, шампион е во возење мотор, а и апсолвент на молекуларна биологија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Желбата му се исполнила, но набргу дошла друга и тој посакал да биде селски кмет.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)