животно (имн.) - во (предл.)

- Биди мирна, биди кротка! - шепотеше Бојан, настојувајќи да ја смири, трудејќи се животното во неговиот глас да насети добронамерност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Прво Кротка! - си рече, следејќи некоја своја мисла, па се сврте и го побара со поглед животното во сопчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Горан Гоциќ ЗОО, СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ, ГОТВАЧОТ... - ПАРАЛЕЛИ (...) Интересно е користењето на животните во филмовите на Гринавеј.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Немаше недостиг од животни во имотот на семејството Адам; тој имот беше минијатурна зоолошка градина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имав една стара сликовница со многу нацртани животни во неа - срнеци, лисици, кунатки, диви мачки и елени.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Страста на тоа дете за обликување му ја задоволував создавајќи портрети на луѓе или фигури на животни во глина, во дрво, во песок, но најчесто во снег.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веќе ништо немаше никаква смисла, а понижувањето поради некој национален пораз што веќе подолго време висеше во воздухот сега се спушти на него и му ја зароби душата како диво животно во стапица.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Полегнал со предниот дел на ставата врз издолжениот врат на животното во страв да не падне под копита и под одмазда на голоракиот војувач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напаѓачот не ја пуштил сабјата но и не замавнал веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мраморните лакови на ноздрите ѝ потреперувале како на младо животно во сетилно претскажуваше на слатки можности што ги шепнува развигорот на будењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се насмевнала само со едната страна на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Двете топло му се заблагодарија на ловецот и радосни направија забава за сите луѓе и животни во шумата.“, заврши мајката.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Филозофот Даниел Денет на пример, убедливо тврди дека постулирањето на мозочни центри всушност значи едноставно поместување на сите оригинални прашања во врска со однесувањето на животните во еден “анималкулус” во внатрешноста на главата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Слично на Грос, Ото Дикс, исто така, минувајќи низ воените случувања, стана жесток пацифист, така што и тој од почетокот на дваесеттите години мина една фаза во која неумоливото констатирање на бедата и неволјите и укажување на злата креатура и грабливото животно во човекот, по пат на претерување добиваат експресивни црти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Секогаш го задушував животното во себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Никогаш не дозволив животното во мене да го победи човекот,“ ѝ реков.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Животното во тебе… Она реткото, рисот!“ ми рече со зајадлив тон во гласот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дали ќе за'ржело животното во мене?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали ќе сум ѝ простел штом ќе ја пронајдев и тоа по првиот изговорен збор?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога се разбуди, слонот нададе такво рикање, што се тресеа сите животни во Зоолошката градина, па и луѓето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ние, постарите, животни во таа џунгла, стоевме настрана.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како што ја отвораше му се гледаа изџвакани парчиња храна во устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вечерта си легнав по Дино и ги затворив сите врати и прозорци за да не ми влезе животното во соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Претвори го дивото животно во тревопасна стока.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се разговараме низ решетките, се гледаме ко животни во зоолошка градина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)