Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во мигот, не можев да откријам дали краевите од очните белки, прошарани од црвените жилки кои ги поврзуваа со жилките на духот, ги оросуваше нова солза од напорот на читањето, или тоа беа таговни солзи, скриени во длабочината на неговата душа!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)