Да ги зачува своите жртви од изливот на фанатизмот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Преживувањето е неиздржливо кога помислувам на личните трагедии, на оние илјадници кои ги загубија животите, на оние кои исчезнаа, на оние кои се раселени, на оние кои избегаа, кога помислувам на жртвите по логорите, на децата, на оние кои го преживеале пеколот, на оние во Босна кои пеколот сѐ уште го живеат, на оние кои допрва ќе го живеат, на крвниците кои до неодамна беа само добри соседи, на жртвите од кои некои и самите ќе бидат крвници.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во Сурен се наоѓа највисокит врв на Париз - „Мон Валеријан“, каде што е и споменикот на жртвите од Втората светска војна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Но ние, по војните, не ги напуштаме поразените, ниту жртвите од редовите на победниците.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како што видовме, жртвите од динамитните атентати биле малубројни, но затоа жртвите од турските масакри биле доста бројни, иако, рековме, тие не можат да се споредат со ерменските.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
За да се предупредат жртвите од едно секадешно востание, се изработи февруарскиот руско-австриски проект за реформи, вистина не совршен, но со договор оти тој ќе биде постепено раширен.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)