И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тие се определиле за индивидуални револуционерни акции сметајќи дека на таков начин побрзо и со многу помалку жртви ќе се постигне целта.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Таа жртва ќе биде во името на вредностите на кои учеше Спасителот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа значеше дека покрај Ема и Нинослав, жртва ќе биде и Крстов, за што јас искрено жалев.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И Даниел и неговите ѕидари се согласиле, на тајниот состанок, дека жртва ќе биде онаа сопруга на ѕидар која прва ќе се појави на местото со ручекот на нејзиниот сопруг, на денот што тие го одредиле за жртвување.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Да предадеш, значи да бидеш загубен уште истиот миг. Во мугрите, во присуство на Карер и уште неколку негови луѓе од доверба, ги свика свешениците и епитропите и со нив се договори, по другите гратчиња и по селата на островот, најитно да се подготват прифатилишта за Евреите во домовите на заможните домаќини.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го правеше тоа внимателно во темницата, како да беше важно дали жртвата ќе си ја удри главата од земја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тие сметале дека тоа што не ќе биде способна да го постигне Македонската револуционерна организација со десетици илјади жртви ќе го постигнат самите со своите животи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)