задача (имн.) - ги (зам.)

За среќа, кога имаше книга, Грдан не се чувствуваше сам; а учењето му одеше толку лесно што тоа не му претставуваше товар туку задоволство - учебникот по историја го читаше како криминалистички роман, а математичките задачи ги решаваше како да пополнува вкрстени зборови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За сите тие векови поминати во домот јас не сакав за ништо друго да мислам, ништо друго не ми требаше, - сите задачи ги исполнував без љубов, без вистински интерес.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој своите работни задачи ги остваруваше на повеќе различни локации од многуте објекти, постројки и подружници на „Водостопанство Вардар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова претпријатие, каде што Н. Н. во својот долгогодишен работен стаж има работено на повеќе, претежно административни позиции (од книговодител, благајник, архивар, преку магационер на терен, комерцијалист, па сѐ до последното работно место – контролор/ евидентичар).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)