Да заврши некаква задача која некој ѝ ја доверил и пред кого, на крајот, требаше да се оправда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мислам дека ја разбирам нејзината поента, но измените коишто феминистичките философ(к)и ги реализираа се чини се поништени од овој начин на карактеризирање на задачата која е при рака.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Задачите кои ги имале набљудувачите биле строго предодредени и никој не смеел ни за момент да го напушти местото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имам тука да завршам уште некои задачи кои само индиректно се поврзани со мене лично.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Денес се случи да појадувам дури во 13:00 часот, па имам чувство како допрва да почнува работниот ден, додека во изминатите утра доручкував со самото пристигнување на работа, не затоа што чувствував неодложна потреба, туку ете така, доручекот си го имав сфатено како обврска, како една од работните задачи која мора да биде итно завршена и ако не биде систематски завршена во предвиденото време, ќе ми ги помести останатите обврски во денот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Милан се сети дека на Кети ѝ вети дека ќе ги полее краставиците и пиперот, секојдневна задача која Кети повеќе сакаше лично да ја заврши, но сега таа беше кај Зоја за да ги чува внуците.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)