И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Та нели тој задоволство наоѓа токму во возбудата од она што со леснотија му го шета моливот по белиот лист хартија или прстите по тастатурата да нанесуваат знаци по виртуелниот празен простор на екранот пред него. Сега Едо ги имаше сите Едовци.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)