Потоа со испитаниците редовно се прават и тестовите на присеќавање и преференцијата на робната марка, што е идентично како кај ТВ спотовите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Нивниот став беше дека, на тој начин, ќе се зголеми мобилноста на работната сила, бидејќи му се овозможува на работникот да го промени работното место за некое подобро место без да има пречки од типот на задржување на работничката книшка од работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но на општа жалост, освен на правоверните партиски идеолози, брзо изминуваше времето определено од партијата и власта за задржување на козите во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мошне е важно испитаникот слободно да си го чита часописот и да се задржува каде што сака и колку што сака.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Камерата го регистрира и точното време на задржување на одредени места.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Понатаму, исклучително важно од гледна точка на одважувањето на работниците да пријават кршење на своите права е задржувањето на одредбата од ЗИТ (1985) според која инспекторот е должен, не само во текот на траењето на неговата функција, туку и по нејзиниот престанок, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, меѓу другото, и податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописи- 4. Закон за заштита при работа, Сл. весник на РМ, 13/98. 141 те, како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава (чл. 15, ЗИТ/85 и чл. 15, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сите одредби на договорот за вработување, кои определуваат други начини на задржување на исплатата, се ништовни!
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)