Обично молчелив, тој ретко земал збор во дискусиите но кога зборувал, неговите предлози и заклучоци биле логични и впечатливи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Посебно ќе истакне дека во контактите што ги имал со „народот во Белград… и со партизани и со независни, со ентузијазам ги поддржуваат погледите изразени од страна на генерал Темпо и протестот на г. Влахов“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Неговиот заклучок бил јасен во однос на тоа дека „македонското прашање“ „…ќе биде еден од најтешките проблеми што ќе треба да се реши на Балканот“ и дека „без разлика какво ќе биде решението, тоа секогаш ќе наиде на жестоко спротивставување од едната или од другата страна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)