замине (имн.) - во (предл.)

Кога дознала баба за бегството на сина си од затворот и за неговото заминување во Цариград, се радувала и плачела.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
При разговорот на Черчил со раководителот на СОЕ, Далтон, непосредно пред неговото заминување во Каиро, истиот му рекол дека негова задача е да ја „запали Европа“.6 Едно од прашањата кое претставувало посебен проблем за СОЕ било како да се регрутираат луѓе за работа во СОЕ од земјите на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Да се трансцендира за него значи предавство, заминување во нешто друго, туѓо, што веќе не може да биде опишано со крвта, ниту со какво било биолошко одредување со коешто тој единствено умее да се користи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Маргина 36 59 Болничкиот автомобил, така беше наредил, треба да се вози по патот навака-натака; беше заклучил дека му годи неговиот звук: беше толку далечен, беше тоа како некогаш, заминување во непознат град.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имаше пресметано дека од неговото заминување во војска досега помина точно една година.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сликата е направена само неколку месеци по неговото заминување во партизани, а до неа се гледа друга слика направена по неколку години, по ослободувањето на Скопје, кога одел на Сремски фронт.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неколку месеци пред моето заминување во Албанија беше објавен на албански јазик есејот „Космополитските идеи во поезијата на Гијом Аполинер”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секој ден го пакував куферот подготвувајќи се за утрешното заминување во Загреб.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се прашувам и ден-денес.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со тоа, македонските книжевни познавачи ги одбележаа четири века од Држиќевото заминување во вечноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Најголем удар за Македонците преставувало напуштањето на Македонија на последниот македонски цар Персеј со целото негово семејство, роднини, пријатели, копнената војска и флотата, дипломати и други претставници на македонската аристократија и нивно заминување во Рим.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога ќе се слушнев со луѓето со кои не сум се видел уште од моето заминување во болница, неретко некој од нив и заплачуваше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дополнително со ова ново „право“ на работниците индиректно се сака да се влијае за што подоцнежно нивно заминување во пензија, како уште едно „олеснување“ на загрозената самоодржливост на инсолвентните социјални фондови и да се продолжи уплаќањето на придонесите од задолжително социјално осигурување, наместо овие средства работниците да ги добиваат како пензија за својот труд низ годините.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Подарок на мајка ми од нејзините колеги од Шумарскиот факултет каде што работеше, како спомен за нејзиното заминување во пензија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ќе згрешите ако останете со впечаток дека мајка ми постојано избегнувала да ме упати во понекоја од своите тајни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто: дали животот на мајка ми всушност претставувал едно вечно секојдневно заминување во се подлабока самотија?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сигурно со моето заминување во Париз не стивна моето пријателство со Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето заминување во Фрежис замолив мој близок да ми ја проследува поштата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето заминување во Тунис, како амбасадор на СФР Југославија, речиси сите лета ги минував во Струга, на бреговите на Охридското Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа како да беше жртвуваното чедо на битолскиот валија Исмаил, пред неговото заминување во Турција со многубројното семејство, оставена да биде втора жена на мојот дедо вдовец во Подградец, гратче на албанската страна на брегот на Охридското Езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А таа средба беше два-три дена пред неговото заминување во нигдината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува до неговата поезија, се сложувам со она што е пишувано за неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Исто така, намалени се и максималните износи што може да бидат исплатени за регрес на годишен одмор и за отпремнина при заминување во пензија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сѐ беше во вечно заминување во кристално чистата оаза на планетата Земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка, пред моето заминување во Франција, во пролетта 1993 година, најчесто остануваше во Татковата соба-библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)