Растејќи сред заканата од нуклеарна војна, атентати на саканите лидери, индустриски систем што пропаѓа, огромни национални долгови, религиозни фундаментализми (Христијанско-Еврејско-Исламски) кои фанатично сеат омраза и нетолеранција, стекнати дефициенции на имунитетот и неразбирачко занемарување на екологијата, тие развија здрав скептицизам во врска со колективните решенија. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 46
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не е чудно што оваа генерација создаде психологија на индивидуалната навигација. Сингуларност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дури благодарение на случајно читање на еден труд на лингвистот К. Абел, што се појави како посебна брошура 1884 година, а следната година беше вклучен во авторовите Расправи од науката за јазикот, започнав да ја разбирам особената тенденција во работата на сонот - занемарување на порекнувањето и со исто средство на изразување, презентирање на она што е спротивно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кругеровата светлечка и звучна соба одговара на човековите движења со трепкање на фосфоресцентните цевки и произведување на синтетички звуци.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Едно друго окружување, Физичкиот простор, им овозможува на учесниците да истражуваат еден интерактивен лавиринт каде што секој чекор кореспондира со еден музички тон, сите продуцирани со живи видео слики што можат да се движат, намалуваат или зголемуваат, ротираат, со занемарување на вообичаените закони на причината и ефектот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)