Но и да се спасеше кутрото козле повторно ја чекаше јаже, преграда, затвор во куќата на господарот Сеген.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Откаде ќе знам, кога цел ден сум како в затвор во военото училиште.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Денеска е недела, кога затворениците се посетуваат.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тука се наоѓа и затворот во кој постои келијата во која бил затворен Гаврило Принцип, заедно со другите атентатори од Сараево на австро-унгарскиот престолонаследник Фердинанд во 1914 година.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бројот на олошот е зголемен откако смртната казна е преиначена во доживотен затвор во траење од триесет дена.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Но се покажа дека партизанската бригада тргнала токму да ги ослободи политичките затвореници од Идризово како главен затвор во окупирана Македонија, а Баге им послужил токму како пробен зајак за да им ги покаже дупките во ѕидините, за да го избегнат парадното, но жртвено навлегување преку високата порта на службениот влез.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се соблече до половината и го фрли аливцето врз торбата, па почна да се плиска со ладната вода - од лицето сосе главата, преку вратот и под мишките, до папокот и плеќите - токму како што правеше татко му, и лете и зиме, меѓу еден затвор во еден до друг затвор во друг режим, навидум цврст да издржи трет.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кој е тој засекогаш заштитен аноним, кој за себе вели „јас“, а потоа тоа „јас“ служи како кафез, како затвор во кој тој некој, автор на текстот, заробува илјадници различни „јас“ и ги става во функција на своите цели?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Вакви исти ветрови насетуваше во оној сив мемлив затвор во Рим, кога му пишуваше на Тимотеј барајќи го палтото што го беше оставил кај Троада и кога го молеше да дојде побргу, пред саглам да зафати зимата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
За оваа приказна, која ја оценија како пропаганда, комунистичка, полицајците три дена ги држеа затворени во амбарите Трпоски, а потоа ги однесоа во општинскиот затвор во Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таму ги држеа уште пенајсет дена и на крајот ги испуштија, биле кусодрамки и вештерки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е затвор во кој ја напојуваме нашата свесност.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Али Фети ќе го мине периодот од мај 1919 до јули 1929 година во затвор во Малта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој заедно со семејството ќе се најде во неков вид затвор во границите на Балканот, како и самите јагули, запрени на нивниот пат пред изградените брани на хидрауличните централи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А тој, гнидата, го набедил човекот и ете сега, како што слушам, седи во затворот во Нивици и изнесува и истура во езерото кофи лајна...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По Велигден хорофилаците го зедоа со седум други души во астиномијата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога си отиде Германецот и пак дојде Гркот, тогаш Ристо мој одрами пушка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Зар мене најде да ме избереш? Што сум ти згрешил, а?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Седи си мадро и не прави будалштини.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Две години затвор во Кожани. Кога си дојде дома, ми рече: - Јас, Ристанке, ќе си одам во Америка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ќе го следи, од затвор во затвор, за најпосле, на 3 декември 1959 г. да го дочека неговото конечно ослободување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- И - продолжи Кузе - тие од горе рекоа дека со тоа се покажа дека е народен непријател и затоа народната власт го одведе Ѓорѓи во народниот затвор во Преспа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Татко нè спаси по цена на среќниот егзил, од атеистичкиот затвор во кој беше принуден да живее еден цел народ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Малком Џ на пример, го подучуваа да чита строгите и топли родителски фигури во еден затвор во Масачусетс.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа беше само чиста кутија со ништо друго освен душек.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Единствениот контакт што ги имав со човечки суштества, беше пет пати дневно, кога можев да слушнам како некој доаѓа низ ходникот, го отвора, “свинското грло” и ми подава храна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Останатото би требало да го знаете!
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ме ставија во најлошиот затвор во кој сум бил, и бев во самица година и пол.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И, се знае – в затвор во Идризово.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Англискиот вицеконзул во Скопје Фонтана пишува дека на 1 мај затворот во Штип бил „преполн“ - 150 души153.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)