И ќе ви се случи, а можеби веќе и ви се случило, само еден грд збор упатен до вас, да ве понижи.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Bitte.“ Ги чу зборовите упатени кон него и ги олабави прстите околу потпирот на столот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И тогаш ја виде високата фигура на Милан како се наведнува и следниот момент ги слушна неговите утешни зборови упатени кон птицата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Често ќе чуел од неа некој сожалив збор упатен кон него тешејќи го или влевајќи му надеж и храбрејќи го во мигови на разочараност и депримираност да издржи, зашто такви судбини има многу на земјава, дури и полоши, потрагични од неговата - а сега никако.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И почнаа да се виткаат листовите на огнот, да се мешаат љубовните зборови упатени до мене, со оние упатени до неа, испишани со истиот ракопис, како што ни се мешале микробите од устата, патогени и непатогени, и вагиналната флора...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)