Козлето одеше по својот пат, од далечина ја гледаше куќата на Сеген, нејзиниот довчерашен затвор. Беше во зенитот на својата среќа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нејзиното враќање се случуваше во зенитот на сталинистичката еуфорија во Албанија и отворените диригирани непријателства кон Југославија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Покрај тоа, 50-те години беа зенитот на т. н. „baby boom“ генерација, кој негуваше огромен интерес за детското како никогаш дотогаш.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Првиот го означуваше времето на зенитот на нејзините западни илузии, на нејзината кратка италијанска пролет, а другиот каталог, времето на источните илузии кога, со своето семејство, ја мина границата, со надежта дека, еден ден, ќе се врати во родниот Лесковик, во Солун на своето детство, во Поградец, градот на своите први рожби.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Длабоката свесност и интерес за детската уметност стана дел од заедничката визуелна перцепција, која што уметниците, од 1950. година, широко ја прифатија.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)