Наутро, на лето, го прибирам сонцето и топлото од дворот и ќерамидите, навечер и преку зима да ме топлат, да ме греат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Никако зимава да попушти! Еве, веќе е средина на март, а снегот во купишта уште си стои во дворот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така таа низ маглата може да си го гледа сонцето, низ зимата да го доживува летото, низ ситници да согледува големи нешта, преку злото да го согледува доброто.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тогаш за аргатлукот не им плаќале со пари туку со пченка, за со почетокот на зимата да стаса лепчето за преживување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)