Најмногу страв ни влеваше легендата според која на самата граница на Езерото, длабоко во езерската вода, бдее голем подводен змеј кој се појавува секогаш кога се минува границата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Вештерката пред големите порти врзала два змеја кои од устата исфрлувале пламен, за да чуваат да не влезе некој и да ја спаси принцезата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И така Езерото остана отворената врата на мојот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со време исчезна и подводниот змеј кој ја вардеше границата среде Езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)