Понекоја бугарско-кинеска јакна, со неиндентификувачко чудовиште или исклештен змеј со премногу канџи и премалку заби, хибридно се вкрстуваше со модерно палто на млада госпоѓица која сѐ уште нема, или има освоено многу одважен маж.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)