Колку змии има до врвот на овој камењар, прашува Фенг и удира со стапчето по каменот, брка низ грмушките, покажува на некои избелени коски, на овој исушен череп му е совршено здодевно, вели, го поздравува монахот кој нè настигнува, потоа ме гледа в очи и вели: калуѓерот ми проштева на мојот обид да му се придружам.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)