знак (имн.) - кој (зам.)

Тоа по што човештвото се разликува од животните е неговата моќ да создаде систем на звучни знаци кои ги претставуваат не само неговите чувства и идеите за надворешниот свет туку и неговиот внатрешен свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
22.00 Чешањето е знак кој често ги идентификува наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Забите на еден џанки секогаш изгледаат полошо одошто се, а тоа е затоа што забораваат да ја отстранат црната леплива карамела и заспиваат пред и да го завршат пушењето. 83
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако исклучокот од болеста, или Нормалноста, психијатрите во книгите го нарекуваат Религија, тогаш моето Верување во тајни знаци кои сакаат да ми разоткријат гатанка доаѓаше како некаква здрава работа од типот на водење на кучето во парк.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Има знаци кои ги праќа Господ и треба да ги следиме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ваквата супституција на фонетските значења е мотивирана со тенденцијата за зачувување на парадигматиката на системот-прототип во новиот систем, и тоа, за да се дојде до изоморфна репродукција на бројната вредност, изразена низ букви.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, контурите ја воведуваат во еден друг свет, свет на репрезентацијата којшто дава јасен, немистифициран знак кој го Marcus Harvey: „Doggy“, масло на платно, 213х213 см, 1994 потенцира сексуалното потекло на сликата, токму така што упатува на попу­ларната визуелност, а не на самата природа на сликата која, сепак, може да остане нечитлива, нèма.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со иста цел, во некои случаи, во новосоздадениот систем на писмо се сочувуваат знаци кои немаат никакви вредности освен бројните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Редоследот на системот-прототип се нарушува само на неколку места за влегување на знаци кои одразуваат типично словенски фонетски вредности, со што е предизвикано поместување на системот на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа сигурно би можела, во согласност со една порано доминантна модернистичка логика, да функционира како автономно уметничко дело, и како такво би била разбрана како сликарство на една возбудлива гестуалност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Согласно со фактите, старословенската глаголица веројатно води потекло од грчката минискула од деветти век, што се покажува со грчката градба на глаголичкиот алфабет, како и во редоследот на графемите, кој ја одразува грчката алфабетска низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа е мошне карактеристично, што знаците кои го загубиле фонетското значење како резултат на фонетските промени во грчките дијалекти, не се бришат од редоследот на системот на писмо, туку ги имаат сочувано своите места иако се лишени од секакво фонетско значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јасно е дека за ваков систем на бележење бројни вредности се потребни минимум 27 симболи, а во класичниот грчки систем на писмо, имено, писмото од Атина од петтиот век п.н.е. оформено врз база на јонскиот алфабет, се присутни токму 27 графеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Среде линеарно пишуваниот код т.е. абецедата, од неодамна се наоѓаат туѓинци т.е. знаци кои по својата структура не се линеарни.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Иронијата е можна кога е постулирано присуството на некој авторитативен систем на знакови кој ја носи вистината; модерната текстуалност настанува од ирониското оддалечување од тој извор, но ако не постои магнетно поле кое би ни укажало на насоката во текстот, фрагментите слободно летаат не чувствувајќи дека се раздвоени, ниту чувствуваат носталгија по знаење која е присутна низ целата модерна традиција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Радикалното читање на Борхес/Дерида, сигурен сум, би покажало дека сме дојдени до таков раскин, иако Дерида не е наклонет да прифати “пресудни раскини”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)