Дупни издени, — дупни издени, — ја учеше Доста и ѝ ги бакнуваше малите танки и меки детински прстиња кога за првпат ѝ ја даде иглата в раце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се слушаа само тапите чекори и камчето на Шишмана, продорно, како игла во ушите на командирот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Како да се најде игла во пласт сено?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само ти фалат игли во устата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Отсега онака никој да не те види со игла в рака.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Толку мала земја. Да беше игла во стог сено, досега ќе го најдеше“, му вели. Го прекорува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Околу мене сега се некои поинакви плетачи, што игла во животот не допреле.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мразулците на детството се стопија во сеќавањето и јас им се вратив на своите шеснаесет години. Го зедов сувото грозје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Го видов“, реков со игли во вилиците. „Го виде - каде?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Шансите да го најдеме, ако тргнеме да го бараме низ градов, ни се еднакви на оние што би ги имале кога би решиле да бараме игла во стог сено, - заклучи тој.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога го прашуваат зошто го прави тоа, одговара: „За да бидам жив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги стави иглата и конецот помеѓу својот и мојот поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еден млад човек забодува игли во своите прсти, ја корне својата коса, ги гребе своите образи, удира со главата од ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Рајнер отиде до еден од аглите, се наведна, ја спушти раката и од подот зеде игла во која беше вденат црвен конец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)