И згора на сѐ, нашиот вујко се гордее со она што го напишал за нас - Додека ги кажува овие непотребни обвинувања Виктор се напрегнува да го имитира изговорот на братот на нашата мајка, она нагласено шупливо шепотење но само во понекој од зборовите, а на крајот на реченицата обврзното поткашлување, како кај вујко ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На авторот при изговорот на зборот „Уртето“ му блесна намуртениот лик од фотографијата на некрологот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)