Брат му ги средуваше расфрлените хартии на масата, очигледно, мислеше Отец Симеон, изразувајќи некоја измена во себе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Додека ја кастри оградата, додека собира лисје по дворот или плеви меѓу цвеќињата, тогаш нему меѓувремено му паѓа на памет некоја измена во некоја реченица, нешто инаку да го каже, некоја нова реченица да уфрли, да додаде, реченица со којашто ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Или ќе се донесе некаква измена во законот за пушење.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Една од причините за таквата измена во неговото сфаќање на огнот беше можеби и ѕвонежот на ретките капки што пееја надвор, под стреата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Најбитна новина која се внесува со оваа измена во чл. 58 ст. 1 од Законот е обврската за невработените лица лично да се јавуваат во Агенцијата за вработување на РМ на секои 60 дена и да докажат дека активно барале работа во последниот месец, со што овој рок се скратува на штета на невработените, бидејќи претходно истиот изнесуваше 4 месеци без да биде наведена обврската за докажување дека активно барале работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
5. Останати промени Во однос на останатите промени кои ги предвиде единствениот ЗИД, беше укината должноста на помирувачот и арбитерот стручно да се усовршуваат(!?) (чл. 37 од ЗИДЗМРРС/14), а дополнително се утврди обврска овие лица по еден примерок од склучена спогодба за решавање на колективен спор, односно за донесеното решение за индивидуален спор да достават до министерството надлежно за работите од областа на трудот, во рок од пет работни дена од денот на склучувањето на спогодбата, односно донесувањето на решението (чл. 38 од ЗИДЗМРРС/14). 95 Закон за медијација, Сл.весник на РМ, 188/13. 105 ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА Законот за парничната постапка (2005)96 во периодот обработен во студијата има претрпено само една измена во 2010 година.97 Сепак, се работи за доста обемна рогација со која се изврши изменување и дополнување на речиси 1/4 од вкупниот број на одредби кои ги содржи ЗПП.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со ваквата измена дојде до намалување од цели 8 часа(!) на минималниот период за одмор и уште еднаш се покажа генералната, негативна прогресија, при измените во трудово-правната материја; г) со усогласувањето на прописите од ЗРО и ЗПИО,30 се предвиде дека работникот кај кого е утврдена намалена работна способност за 50%, согласно прописите за пензиско и инвалидско осигурување, има право на скратено работно време или да биде распределен на друга соодветна работа, со право на плата согласно со колективен договор (чл. 29 од ЗИДЗРО/фев.13). 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
“ Најголемата измена во ова издание е додатокот на еден опширен дел за „рејв културата“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Е ги прави луѓето послободни да се изразат, но ја губат сета вештина што ја имале и покажуваат многу полоша моторичка контрола.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Имено, до измени во оваа сфера дојде со законите од 1995, 1998, јули 2001 и април 2003.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Види кај Димитар Клисаровски и Игор Петровски: Што ќе донесат измените во Законот за работни односи? – Лошите работници не ќе може да ги спаси ниту еден синдикат; неделен магазин Капитал, бр. 461 (2008). 15 потег на законодавецот беше направен откако, претходно – во 2006, Уставниот суд ја укина оваа противуставна законска одредба.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имаше само една мала измена во собата. Мајка беше внела мал телевизор.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)