Пропаднаа бабините илузии да го види сина си крај амбасадорот Али Фетхи Окјар во Париз!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И како што минуваше времето, шансите на семејството да се помести кон Америка ја зајакнуваа татковата илузија да го следи патот на јагулите кон нејзините брегови.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Да се суди за себеси во историјата од позиција на владетел значи и соочување со фаталноста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најчесто во името на среќата на сите, се задоволува личниот егоизам, особено амбицијата низ илузијата да се остане во историјата, да се обезбеди место во вечноста без оглед на жртвите крај боговите...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Цариградската ѕвезда на неговата младост и илузиите да го покрене семејството кон исток, гаснеше полека во времето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)