име (имн.) - е (гл.)

Тоа е сѐ што останало од некогаш големото царство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На трупот се напишани зборовите: Моето име е Ozymandias, Крал над Кралевите: Погледни ги моите дела, ти Моќнику, И очајувај! што очигледно имале сосема поинакво значење во нивниот првобитен контекст. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние значи не наоѓаме ништо што засновува значење; само уште зборови (тоа И тоа).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Црта карикатури за списанијата: “Le Rire”, “Le Sourire”, “Le Temoir”, “Le Courrier Francais”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во 1908 изложува во ‘Салонот на независните” и во ‘Салонот на есента” , каде неговиот помлад брат, чие уметничко име е Рејмон Дишан-Вилон, работи како потпретседател.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Верувај во твојот Господ, зошто тој те сака најмногу, без разлика дали неговото име е Исус или Буда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во секој случај, сакале ние или не, мора да се согласиме со латинската сентенца: „Името е обележје“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знаеш ли ти јас кој сум? Моето име е Кирил, како на светецот наш просветител што ни ја даде азбуката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
КЕВА: Името е од кумот... Се гледа умот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Малку е смургава, ама многу е лична, а белило на лице не клава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како може некому воопшто да не му е чудно, а камоли смешно, кога ќе му кажеш дека твоето име е име на дрво?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Името е машко, вели, но сопственикот е жена, вели, накај осумдесет носи на душа, вели, кое судии, вели, кое управници на логори, вели, кое по некое ѓубре како тебе, вели, но нашите убиства не ја загрозуваат државата, вели, вие со една парола ќе го кренете народот, вели, не може да си ја затвори устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На седум години неговото име е променето во Ле Гак, според очувот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Името е нашиот идентитет, ние не сме Грци ни Бугари ни Срби...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)