име (имн.) - им (зам.)

Првата го смести меѓу кориците на магазинот целиот свој нов управувачки комплекс, комплет со кулата и покривот, а вторава компанија тродимензионално го „огласи“ својот најнов компјутер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„POP-UP“ ОГЛАСИ
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овие огласи (како што името им вели) буквално скокаат од магазинот што го читате!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На орницата го фатија Кулета Карабоја од Витолишта и му нарачаа да им соопшти на месните работници Стојана Мисирлијата и коџобашијата Трајка Лесната, чии имиња им ги препорача Јован Ѓуров на Толета, Глигура и Ѓорѓија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа име им е општо познато на Македонските Словени и сите со него се именуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога посматрачот ќе биде соодветно вклучен, асистен­тот покрај компјутерите го активира компјутерскиот програм за Home of the brain, со посебни постапки ги премерува и ги програмира различните движења на раката од примателот со споменатата ракавица. Home of the brain е музеј на помнењето составен од четири соби, во кои што се симулирани графички содржини значајни за мисловните светови на четирите значајни мислители на медиската парадигма: Joseph Weisenbaum, Vilem Flusser, Marwin Minsky и Paul Virilio.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На тие имиња им одговараат четири концепти, кои што ја контролираат атмосферата во споме­натите простори, а тоа се: надеж, авантуризам, утопија и катастрофа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но бидејќи Тарик сè почесто доаѓаше во нивната улица и си играше со нив, неговото име им стана име како и сите други, а другарчето - другарче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Знам многу луѓе на кои името им ја одредува позицијата во животната заедница.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Името им е дојдено поради плусокот што се слуша кога јаготката се кине.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)