А Макс, велеа, Макс се обидувал да го дознае нејзиното име, но нејзиното име никој не го знаеше, откако беше дојдена во Гнездо таа беше Добрата Душичка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И дека за тоа име никој друг освен Бог, кој гледа сѐ, не знае.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Тој е водачот, Крвник го викаат, а вистинското име никој не му го знае, - шепна дедо ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Макс и Добрата Душичка си се приближуваа онака како што си се приближуваат небото и земјата во некоја далечна точка – се соединуваат само за окото што гледа кон нив во хоризонтот, а дека за нив нема соединување, ама нема ни раздвојување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Еве, оваа девојка никогаш не се спротивставува на насилството.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нејзиното име никој не го знаеше, сите ја викавме Добрата Душичка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неговото вистинско име никој не го паметеше.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)