И името ѝ беше чудно, Воскре, па луѓето нагаѓаа дека е Еврејка или дека е од некоја друга вера и раса.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ракописот ѝ е искосен, но налево, што на името ѝ дава нота на симпатичен пркос. ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Името ѝ беше Никол и потекнуваше од село, но беше многу бистра и на некој начин лукава (итра) жена и успеваше сите работи да ги заврши на време.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Не се знае впрочем дали тоа име ѝ е вистинското, а во историјата, во поширока смисла, нејзиниот живот и нејзиното минато се штура безначајност.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Излезе еден таков напис и во некој неодамнешен број на „Фокус“: таму се говореше дека почнал со некоја еквилибристичка точка со скала потпрена на небото; качен на таа скала, потпрена на ништо, свирел на саксофон една инструменталка: „Учи ме мајко, карај ме“, а завршил како трапезист, кој со некоја жена, мислам дека името ѝ е Ина Коленина, изведувал невидени вратоломии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И името ѝ беше слично - Наталија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Иако името ѝ беше такво, таа не беше многу весела.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Алегра беше срамежлива, ете велат подпристарена девојка, со непријатното искуство на веридба прекината по божја волја, зад себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- На долниот кат мајка ми, татко ми и родителите на Кети (чие вистинско име ѝ е всушност Катерина, ама така ја вика само тетка Софија, мајка ѝ, кога ѝ е поради нешто лута) тивко разговараа, расправајќи за она што неодамна се случи со дедо ми Баџак.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тетка ми Оце, пак, најмалата сестра на мајка м, (која правилно се вика Орденка, ама името ѝ е некако глупаво и комплицирано за изговарање, па накусо ја викаат Оце, а ние внуците едноставно - Тета), е најмеката жена што ја познавам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Неретко името ѝ се спомнуваше по рефератите, ѕидните весници и локалниот печат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Имам сестра малечка име ѝ е Јана, од глава до пети без ни една мана.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Имаме река со необично име - Луда Мара - велат, името ѝ е од тоа што кога многу врне реката надојдува, станува поројница и - луда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Првата хидроцентрала, недалеку од границата, сè уште не ја почнале, ама име ѝ нашле.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)