Ние се викавме Бугари. Со тоа, од една страна, сакавме тоа име да ни послужи како центар околу кој ќе можеме сите да се згрупираме, без да бараме за таа цел некој друг, а можеби и сосем нов, од друга страна, ние мислевме оти вистина во соединувањето со Бугарите е нашата сила.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Навистина беше таква.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа секогаш сакаше и нејзиното име да шета низ загадочните приказни чиј што свршеток никогаш не беше доволно јасен, иако напати можеше да се наслути".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мора вашите имиња да се запишани негде. Имињата не исчезнуваат туку- така.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се плашат од нивните имиња на гробовите, вели, зар со туѓи имиња да лежат в земја?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Не може името да ти е Сталин и да имаш вообичаена судбина“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)