империја (имн.) - кој (зам.)

Вратен на Балканот, со судиско-кадиската диплома на Отоманската Империја, тој беше свесен дека ќе се соочува со уште една мала Отоманска Империја која беше далеку од реформите на Ататурк и од лаицизацијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоталитарниот фанатизам на калифот Омар, покажан со запалувањето на драгоцените книги на Александриската библиотека, ќе го покажат и протагонистите на Римската Империја кои ќе го воспостават индексот на забранетите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу називите за разните јавни објекти тој ги издвои следните: амам, стара турска бања (од турски hamam); ан, хан (од персиски han); карван-сарај (од персиски kervansaray); конак (од турски konak); механа, меана (од литературен персиски meyhane); кафе, кафеана (од арапско- персиски kahvehane); топана, место каде што се изработувале топови, склад на муниција); кале, тврдина, град (од арапски kale); кула, тврдина, висока беговска куќа (од арапски kule); бина, голема зграда, куќа во изградба (од арапски bina); тарапана, место каде што се коваат пари (од персиски darbhane); апсана, апс, затвор (од арапско-персиски hapishane).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ќе забележи и солиден број заемки за називите на јавни градби, градени уште од времето на Османската Империја кои останале и со денешна употреба речиси во сите земји на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа жива, незавршена книга, содржеше и филозофски гледања на историјата и религијата, историја за моќните империи кои владееја на Балканскиот Полуостров од Илирската, Македонската, Римската, Византиската, Отоманската и на крајот до малата империја на Југословенската федерација, чиј крај не го доживеа таткото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Употребата на чистата воена сила, кастрирана од својот прв идентитет, односно јаничаризмот, кој најсилни облици доби при големите завојувачки походи и најголемиот подем на Отоманската империја, имаше своја автохтона провиниенција во претходните империи кои господареа со Балканскиот Полуостров.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така би и со сите империи кои протатнеа во балканската историја. Се урнуваше и разделуваше!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко си беше поставил за цел да се определи за една од двете империи кои се вестеа: Американската и Советската.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)