Цветан Горски, потсетувајќи се на една Таткова мисла, во мигот, која често се повторуваше во разговорите со Игор Лозински, проучувајќи ги балканските империи низ нивните падови, рече: - Ниту во една Империја под која беше Езерото, макар што постоеле разни планови да му се промени изгледот, не се крена рака на неговите води.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со текот на времето Чанга сѐ повеќе ѝ се восхитуваше на татковата намера да напише Историја на балканските империи низ нивните падови, во која ќе бидат вклучени и козите, па се надеваше и самиот да има некаква улога во таа книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)