До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95 која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Терминот „деструкциска уметност“ е концентриран индекс на 1 Saul Below: Herzog, цитирано според Robert Jay Lifton: The Future of Immortality and Other Essay for a Nuclear Age (New York, Basic Books, 1987) 2 Лифтон во текот на работата врз проблемите на масовната психологија на траума „дошол до ужасно“ но „есенцијално прецизно правило: колку што настанот е позначаен, толку е помалку веројатно дека ќе биде простудиран“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ги воведувам фразите „крајна култура“ и „деструкциска уметност“ како идентификациски направи, изуми; како термини што ги означуваат здружените простори во коишто општествените, естетските, политичките меѓуодноси и пракси работат во дослух врз прашањето на опстанокот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој ќе види и во Татко друг Дон Кихот од Исток со спасените источни книги, кои потешко можеа да се најдат во индексот на забранетите книги зашто поголемиот дел од нив беа пишувани на старотурската османица, а тој во градот веќе се сметаше за неприкосновен познавач на овој јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоталитарниот фанатизам на калифот Омар, покажан со запалувањето на драгоцените книги на Александриската библиотека, ќе го покажат и протагонистите на Римската Империја кои ќе го воспостават индексот на забранетите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)