Не се уплашив од актерот како човек затоа што тој, што би рекол Сартр, е толку мал што не може ниту шум да крене, ама се уплашив од неговиот инструмент кој, ако засвири може многу нешта да врати назад, и тоа многу, многу назад.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На својот саксофон, дури и во циркусот, јас ја испитував, ја тестирав македонската народна песна; ја свирев на инструмент кој се сметаше за класичен џез инструмент.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)