И навистина, ги одвраќа од распитување на општествените форми воопшто.
Настраните, меѓутоа, се принудени да се впуштаат барем во зрно критичко промислување на светот каков што е даден.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дистанцијaта на настраните за општествениот свет (онака како што е дефиниран и натурализиран од хетеронормите) и акутно свесната свест што ја имаат за разните облици во кои животот им се пројавува на разни луѓе, неизбежно исходуваат со несведлив критички став.
Настраната преработка на личното и на општественото искуство излегува, со други зборови, дека е продуктивна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Идеолошката тежина на нормалноста истовремено попречува активна свесност за општествената особеност на хетеросексуалните облици на живот – ги спречува хетеросексуалците да мислат на хетеросексуалноста како длабока енигма што налага напорно истражување – и ги предупредува хетеросексуалците да не ја распитуваат предлабоко хетеросексуалноста како особена општествена форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој вид практично општествено промислување и вторично обработување што настраните го прават инстинктивно, нужно, е секако корисно за секого и му е својствено на секој уметник, на секој стилист, на секој готвач, на секој богослов, без разлика дали е геј или стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што вели Мајкл Ворнер: „Настраните се зафаќаат со еден вид практично општествено промислување барем кога изнаоѓаат начини на настрано суштествување“.470 Тоа практично општествено промислување побудува вторична обработка на непосредното искуство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)