искушение (имн.) - и (сврз.)

Повторно ставени пред искушенија и нови поколенија во прогон и страв повторно ставени пред гилотина за да не уништат до пепел и прав
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
После сите искушенија и проживеани приказни борбата е деструктивна задача, едно осамничко искуство на сурови откажувања, но ние сме ранливи суштества кои ги бранат своите срца.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, моите чувства беа силни, на моите слаби рамена прометејски го носев товарот на тагата, но успеав да се исправам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите еден ден ќе ја запознааеме болката и некои страдаат секој ден, секоја ноќ, секој час, малце по малце, и не се предаваат, се борат со злото, искушението и неспокојот и го наоѓаат својот пат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така создадов необична и невообичаена сопоставеност од портокалова, тиркизна, скерлетно пламена и златно ореолска боја и ги насликав женствено оние чија аура е видима трите ангелски лица трите посланика на искушението и гласот дури го насликав: 'Не кревај рака врз чедото свое!' Така сите бои со сите облици во вид на жиг на Светиот Дух (ни мој, ни не-мој) ги втиснав на дрвена плоча, пресувана стрпливо и грамотно небаре испосник за да опстане со силата на пречистата мисла, оти и мислата е светлост, и топлина, и магнетизам, енергија - сѐ на сѐ! и заедно, во возвишен, а за Окото дофатлив облик, ги склопив!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)