Кога едната странка се повикува на исправа и твр- ди дека таа се наоѓа кај другата странка – судот оваа странка ќе ја повика да ја поднесе исправата, оставајќи и за тоа определен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странката не може да го одбие поднесувањето на исправата ако таа самата во постапката се повикала на таа исправа за доказ на своите наводи, или ако се работи за исправа која според законот е должна да ја предаде или покаже, или ако исправата – со оглед на нејзината содржина – се смета заедничка за обете странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)