И покрај фактот што и американските и британските мисии биле испраќани само како воени мисии со основна задача да организираат и изведуваат воени операции во окупираните територии и да овозможат испраќање воена и друга помош за да им се нанесе поголема штета на нацифашистичките окупатори, тие не можеле да не испраќаат и такви извештаи во кои јасно се гледало следењето и на политичките состојби и намери на политичкото и военото раководство на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, треба да се има предвид дека испраѓањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија не било поврзано со партизанското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За ангажирање на единците на НОВ и ПО на Македонија во реализирањето на таа цел, но под раководство на британските експерти, британскиот политички естаблишмент препорачал да започнат подготовки за испраќање воени мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа го потврдува и извештајот од 19 ноември 1944 година на еден американскиот разузнавач, кој во својот извештај се осврнува на одржувањето на Антифашистичкиот конгрес за национално ослободување на Србија, што бил одржан во Белград од 9 до 12 ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Успехот на единиците на Црвената армија на Источниот фронт, како и напредувањето на британските и американските единици на сите фронтови во текот на 1943 година го навестуваа поразот на коалицијата која се стремела кон "Новиот поредок".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Секако дека присуството на британските воени мисии на териториите на Албанија и на Грција, кои се движеле во пограничните подрачја со Македонија и биле сведоци на борбите на партизанските единици со Италијанците, Германците и Бугарите, имало влијание да се побара испраќање воени мисии во Македонија во единиците на НОВ и ПОМ, за да можат да се запознаат со сето она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)