Првин си имаше проблеми во Институтот, со преамбициозните историчари кои целосно отфрлаа с што беше отоманско и турско, останувајќи длабоко вкопани во борбените историски ровови на ХХ-от век.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имаше историчари кои си градеа брза универзитетска и институтска научна кариера во химеричното шетање по античките векови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но имаше и учени, умни и чесни историчари кои, во откриените сиџили, за прв пат гледаа отворен хоризонт на овој дел од Балканот за автентично и за реално соочување со долговечната историја на отоманскиот период, врз јасни, конкретни документи, запишани од самиот живот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нему му беше позната стратегијата на Мирон Донски во која беа вклучени и неговите непогрешливи историчари кои ги ангажираше во своите проекти, вклучувајќи ги тука, во прв план, и сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Уште повеќе, сега можеме да видиме дека тие не биле одвоени едни од други; имале смисла единствено заедно, како манифестации на истиот комплекс на моќ, истата светска структура на моќ, која го одржуваше сопствениот кредибилитет сé додека структурата остануваше недопрена, но овие „очевидни вистини” не можеа да го преживеат крахот на комплетната структура на моќта.7 Бауман е пример на историчар кој ја увидел вредноста на новите теориски движења и можните импликации на плурализмот врз начините на разбирање на современиот свет.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Истите тие пискарала не се ништо друго освен форензичари на сѐ што е уништено и сите по дефолт се аналитичари, историчари кои само ги анализираат грешките од минатото, а никогаш не даваат решение за иднината, но како главна особина им е лепењето етикети на сѐ што е прогресивно.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Историчарите кои стојат зад горе наведениот заклучок, тврдат дека луѓето во средниот век биле многу дарежливи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ми се наложуваат нови прашања за кои мислителот има одговори: А народот? Каква е неговата улога во историјата? Дали тој ги слави и создава тираните? Каква е улогата на мислителите или историчарите?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Народот (мислителот или историчарот кој го употребува без иронија се дисквалификува), добро си ја игра улогата која му е наменета: да се потчини на настаните и на фантазмите на владите, готов секогаш за нови потчинувања и страдања, прв на браникот на жртвувањата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)