историја (имн.) - бев (гл.)

Целата историја беше претворена во палимпсест што се гребеше и одново се испишуваше, онолку често колку што беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистина е дека ние не видовме на Балканот многу аир од минатото, но овде историјата беше најнемилосрдна на континентот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не заборавајте, трите конфесии со кои го вкоренуваа народот во историјата беа и три јасни можности за негова постепена асимилација, исчезнување од историјата, претопување во други народи...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги носеше и ги читаше светите книги Библијата, Коранот и Талмудот, верувајќи во нивната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше славниот Титов брод Галеб, односно школскиот брод на Југословенската воена морнарица, изграден во 1938 година, а реконструиран во 1951 година на своето последно медитеранско кружно патување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во бродот со необична историја беше запрен, колекциониран дел од Титова Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За Мајка, таа историја беше содржана во клучевите од напуштените куќи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Балканската историја беше во нашите детски раце.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)