Во коридорите зашушка. Стариците, носејќи ги пред себе во двете раце лимените чинии со каша, претпазливо излегуваа од кујната и седнуваа да ручаат на заедничката маса, обидувајќи се да не ги гледаат закачените во трпезаријата пароли, составени лично од Александар Јаковлевич и во уметничка изведба на Александра Јаковлевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Паролите беа следниве: “ХРАНАТА Е ИЗВОР НА ЗДРАВЈЕТО” “ЕДНО ЈАЈЦЕ СОДРЖИ ИСТО ТОЛКУ МАСНОТИИ, КАКО И 1/2 ФУНТА МЕСО” “ТЕМЕЛНО ЏВАКАЈЌИ ЈА ХРАНАТА МУ ПОМАГАШ НА ОПШТЕСТВОТО” и “МЕСОТО Е ШТЕТНО” Сите тие свети зборови во стариците ги будеа спомените за исчезнатите уште пред револуцијата заби, за јајцата исчезнати приближно во исто време, за месото, што во 174 okno.mk смисла на маснотиите е полошо од јајцата, а можеби и за општеството, што тие беа лишени од можноста да го помагаат, темелно џвакајќи ја храната.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)