исчекување (имн.) - бев (гл.)

Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и оној кон кого беше упатена љубовта од оној кој љубеше беше воздигнуван како небесно суштество, а така се потиснуваше во себе она што беше сметано за животинско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)