Ова најнапред можеме да го доведеме во врска со општата тема на распаѓањето и гниењето на живата материја, што во некои филмови Гринавеј го поврзува со деградацијата, нпр. во СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ и во “ГОТВАЧОТ..., кадешто љубовниците во еден камион полн со гнило месо (декаденција) заминуваат кон новиот живот, испрани со водата и со благословот (прочистување) на Готвачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)